Мерц по разговорот Трамп-Путин: Европа ќе го зголеми притисокот со санкции врз Русија

253
epa12078714 German Chancellor Friedrich Merz looks on during the first meeting of the new federal cabinet, at the Chancellery in Berlin, Germany, 06 May 2025. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека Евопа ќе го зголеми притисокот на Москва преку санкции. Мерц по разговорот на американскиот претседател Доналд Трамп со клучните европски лидери, веднаш по неговиот телефонски разговор со лидерот Владимир Путин, истакна дека Европа и САД се обединети во „тесната поддршка на Украина и на нејзиниот пат кон прекин на огнот“.

„Претседателот на САД и европските партнери се договорија за следните чекори, тесно да го координираат процесот на преговори и да одржат технички состанок“, наведе портпаролот на германската влада Штефан Корнелиус.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му се заблагодари на Трамп за „неговите неуморни напори да се воспостави прекин на огнот во Украина“.

„Сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за неговите неуморни напори да обезбеди прекин на огнот во Украина. Важно е Соединетите Американски Држави да останат ангажирани. Ќе продолжиме да го поддржуваме Володимир Зеленски во постигнувањето траен мир во Украина“, наведе таа на платформата „Икс“.

Трамп по телефонскиот разговор со Путин разговараше со Мерц, Фон дер Лајен, Макрон, финскиот претседател Александар Стуб и италијанската премиерка Џорџа Мелони и ги извести за исходот од разговорот со Путин, пренесува „Дојче веле“.

Соединетите Американски Држави се сложија да одржуваат „тесна координација“ со европските сојузници во преговорите за Украина, пренесува „Танјуг“.

 

ИЗДВОЕНИ