Мерц, Макрон и Стармер сакаат да разговараат со Трамп пред тој да се слушне со Путин

38

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека тој, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер сакаат да разговараат со американскиот претседател Доналд Трамп пред тој да има телефонски разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, најавен за утре.

Мерц го објави ова откако разговараше за ова прашање со американскиот државен секретар Марко Рубио на маргините на мисијата по повод устоличувањето на папата Лав XIV во Рим.

Како што пренесува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мерц во Рим изјавил дека е договорено четворицата шефови на држави и влади на таканаречената „Коалиција на волните“ повторно да разговараат пред телефонскиот разговор на Трамп и Путин.

ИЗДВОЕНИ