Мерц: Европа не успева да се наметне на глобалната сцена, зависни сме од помошта на САД

24
EPA/FILIP SINGER

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Европа не успева да се наметне на глобалната сцена и дека нема способност да изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин и дека е зависна од американската помош.

„Она што ме загрижува, и морам да признаам дека ми тежи, е тоа што ние Европејците во моментов не ја преземаме улогата во светот што ја сакаме и треба да ја играме за правилно да ги заштитиме нашите интереси“, изјави Мерц за CDU.TV

Тој ја наведе војната во Украина како пример за неспособноста на Европа да се позиционира на глобалната сцена, велејќи дека Европа нема моќ да изврши притисок врз Русија.

ИЗДВОЕНИ