Мерц: Далеку сме од договор за Украина

173
EPA/HALDEN KROG

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не е убеден дека решение прифатливо за Украина врз основа на американскиот план од 28 точки ќе биде пронајдено до рокот што го постави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Денес е недела. Планот на претседателот Трамп е да постигне договор до четврток. Сè уште сме многу далеку од тоа. Тоа не значи дека е сосема невозможно да се постигне… Но, скептичен сум дека таков исход е можен со оглед на моменталните разлики“, рече Мерц на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург.

Иако Трамп ѝ даде рок на Украина до четврток да се согласи со планот од 28 точки, тој истакна дека планот не претставува „конечна понуда“ и дека роковите би можеле да се продолжат ако работите „одат добро“.

ИЗДВОЕНИ