Германија стои зад Израел, но не по секоја цена, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во своето обраќање до печатот во Берлин во петокот.
„Никогаш не споменав „безусловна поддршка“ за Израел… Ние го поддржуваме Израел, но јасно и гласно кажуваме што мислиме за одредени ситуации“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц како одговор на прашање од новинарите за време на традиционалната прес-конференција пред летната пауза.
Мерц (Христијанско-демократската унија ЦДУ), на прашањето на новинар дали ставот дека безбедноста на Израел е „државен интерес“ на Германија, како што го формулираа претходниците на Мерц, сè уште е валиден, одговори дека безбедноста на Израел е важна за Германија, но не по секоја цена.
„Сакаме да му помогнеме на Израел, но јасно и гласно кажуваме што сметаме за неприфатливо… Она што моментално се случува во Газа е неприфатливо и тоа му го разјаснив на Бенјамин Нетанјаху“, рече Мерц.
Во исто време, тој ги отфрли споредбите меѓу Израел и Русија во врска со воведувањето санкции.
„За разлика од Русија, Израел е демократска земја. Израел исто така беше нападнат. Доколку Израел не се бранеше, повеќе немаше да постои“, заклучи Мерц.