Гаранцијата ја даваат познатите имиња од македонската фолк-сцена, пејачи, композитори, текстописци, аранжери. Ова се само некои од испеаните најнови песни (не дека другите не се исто толку важни), а кои нам ни оставија најсилен впечаток: „Меракот ќе остане“, „Убави по душа“, „Ти ќе бидеш моја“, „Моја љубов, моја судбина“, „По дождот сонце“, „Ти си сè што посакав“, „Некаде по полноќ“… Фестивалот ќе биде емитуван на телевизијата Канал 5, оваа сабота, 6 декември, во рамките на празничната програма (по повод Државниот празник 8 Декември, Св. Климент Охридски), а со почеток во 20:15 часот
–
–
–
–
Спектакуларно, како што му доликува, така и се одржа најновото, 26. издание на македонскиот фестивал „Фолк-фест Роса 2025“. Пред преполна сала на МОБ, во која немаше каде игла да падне, вљубениците на македонскиот мелос три часа уживаа во 20 новосоздадени идни македонски (фолк) хитови. Новите песни донесоа свежи, звучни етнорефрени, но и модерни аранжмани, покажувајќи со тоа дека македонскиот фолк продолжува да живее, да се развива и да добива нови облици, не навлегувајќи ни за миг во актуелните турбофолк води.
–
–
–
Овој фестивал е настан со традиција. Првиот беше одржан во 1999 година во Универзална сала – Скопје, и оттогаш, на сцената на „Роса“ настапиле голем број од најпознатите имиња oд македонската фолк-естрада. Традиционално, водителка на фестивалот е секогаш одличната Ирена Спировска, која со исклучителната визуелна појава која остава без здив поради изборот на ексклузивните вечерни фустани, на високопрофесионално ниво ја води публиката низ фестивалската програма.
Фестивалот секогаш знаеше да понуди песни кои заживуваа во народот и кои се обнародуваа, па така ќе биде и сега, со гаранција, по нивната премиерна изведба. А, гаранцијата ја даваат ( и даваа познатите имиња:Блага Петреска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Виолета Томовска, Атина Апостолова, Ефто Пупиновски, Марјан Коцев, Есма Реџепова, Наум Петрески, Васка Илиева, Смиља Митревска, Татјана Лазаревска, Група „Биоритам“, Група „Дрим Тим“, Никола Костадиновски, Јордан Митев и многу други), од македонската фолк-сцена, пејачи, композитори, текстописци, аранжери.



Ова се насловите од само некои испеани најнови песни (не дека другите не се исто толку важни), а кои нам ни оставија најсилен впечаток (на првото слушање): „Меракот ќе остане“, „Убави по душа“, „Ти ќе бидеш моја“, „Моја љубов, моја судбина“, „По дождот сонце“, „Ти си сè што посакав“, „Некаде по полноќ“… а, испеани од златните грла на популарните пејачи и напишани од популарните композиторски имиња: Ристо Самараџиев, Мите Стоилков, Горјан Стојановски, Бобан Мојсовски,Сашко Велков… но и текстописците: Орце Зафировски, Радмила Митровиќ, Ѓорѓи Калајџиев, Кире Науновски, Софија Пуровска…






Покрај новите песни и блескави сценски настапи, на „Фолк-фест Роса 2025“ беа доделени и три значајни и заслужени награди за „Животно дело“. Тие заминаа во рацете на: Григор Копров, Јорданка Смилевска и Томислав Которчевиќ.
Доколку го пропуштивте годинашното издание на „Роса“ и не бевте во можност да присуствувате во Македонската опера и балет, имаме добра вест. 26. издание на фестивалот ќе биде емитувано на националната телевизија Канал 5, оваа сабота, 6 декември, во рамките на празничната програма (по повод државниот празник 8 Декември, Св. Климент Охридски), а со почеток во 20:15 часот. Искористете ја оваа шанса да ги проследите новите македонски фолк-хитови, а воедно и да ја доживеете атмосферата од сцената на една од најпрестижните домашни фолк-манифестации. Дуле Миќиќ












