МЕМО издаде 107.666 гаранции за потеклото на електричната енергија

11

Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО во април годинава успешно го воспостави регистарот на гаранции за потеклото на електричната енергија и за само два месеца издаде 107.666 гаранции.

Како што се соопшти, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите гаранции за потеклото од обновливи извори на АД ЕСМ, за електрична енергија произведена од хидроенергетските капацитети. Во јуни беа издадени 56.620 гаранции за хидроцентрали, а во јули – 51.046 за фотоволтаични централи.

– Сѐ поголем број компании се приклучуваат кон регистарот, што претставува клучен чекор во градењето транспарентен и современ енергетски пазар. МЕМО обезбедува усогласеност меѓу националните и европските регулативи, одржувајќи сигурен и стандарден систем за издавање, пренос и активирање на гаранциите за потекло. Станува збор за електронски документ чија цел е да им обезбеди на потрошувачите доказ дека определен удел или количина од електричната енергија е произведена од обновливи извори – велат од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија.

 

ИЗДВОЕНИ