Екипата на Мемфис го суспендираше својот најдобар играч, Џа Морант, на еден натпревар, поради несоодветни коментари по поразот од Лос Анџелес лејкерс со 112:117. Морант имаше многу лоша партија против Лејкерс, постигна само осум поени, вклучувајќи 0/6 од линијата за три поени, а кога го прашаа што се случило во текот на натпреварот, тој одговори: „Прашајте го тренерскиот персонал“. Откако го повтори тој одговор неколку пати, следуваше прашањето што требало да се направи поразлично за да се добие натпреварот. Тој беше поконкретен: „Искрено, според нив, ќе беше најдобро воопшто да не играв. Тоа беше, во основа, пораката по натпреварот. Одлично“. По шест одиграни натпревари, Морант има просек од 20,8 поени, 3,3 скока и 6,7 асистенции.











