Мелони изненади со „оптимистичка Божиќна честитка“: Следната година ќе биде уште полоша

50
EPA/FABIO FRUSTACI

Италијанската премиерка Џорџија Мелони даде мрачна прогноза за 2026 година, посакувајќи им на вработените во нејзиниот кабинет среќен Божиќ и предупредувајќи ги да се подготват за предизвикувачката година што претстои.

„Минатата година беше тешка за сите нас, но не грижете се бидејќи следната година ќе биде уште полоша“, рече таа.

Зборувајќи во нејзината официјална резиденција во Рим во дворот на Палацо Чиџи Мелони им рече и на својот тим дека ги сака, додавајќи дека тие се „семејство кое се борело заедно цела година“ и советувајќи ги „правилно да се одморат за време на овие празници бидејќи мора да продолжат да и даваат одговари на оваа извонредна нација“.

Нејзините зборови следуваат по бранот штрајкови низ Италија минатиот месец, кога наставниците, лекарите и транспортните работници протестираа против предложениот буџет на владата, кој вклучува реформи на социјалната помош и повисоки трошоци за одбрана.

ИЗДВОЕНИ