Италијанската премиерка Џорџа Мелони го изрази својот гнев денес откако Жак Морети, сопственикот на барот „Констелејшн“ во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, каде што избувна смртоносен пожар на новогодишната ноќ во кој загинаа 40 лица, а 116 беа повредени, беше ослободен од затворот во Сион откако плати кауција од 200.000 швајцарски франци, или околу 215.000 евра.
„Го сметам ова за навреда на сеќавањето на жртвите од трагедијата што се случи на новогодишната ноќ и за навреда на нивните семејства, кои тагуваат поради загубата на своите најблиски“, напиша Мелони на мрежата X.
Таа рече дека нејзината влада ќе „бара објаснување од швајцарските власти во врска со оваа одлука“.












