Мелиса ги погоди Карибите: Седум лица загинаа во најсилниот ураган во 2025 година

38
EPA/RUDOLPH BROWN

Седум лица загинаа досега во ураганот Мелиса, кој е оценет како најсилниот тропски циклон на Земјата оваа година, објави ABC News.

Мелиса се приближува кон западниот брег на Јамајка. Три лица загинаа во Јамајка, три во Хаити и едно во Доминиканската Република, каде што уште едно лице е исчезнато.

Министерството за здравство на Јамајка соопшти дека се случиле некои несреќи за време на подготовките за бурата, вклучувајќи падови од покриви и електрични удари.

Јамајканскиот премиер Ендру Холмс ги предупреди жителите дека инфраструктурата на регионот не е изградена за да издржи бура од категорија 5.

Според официјалните податоци 15 лица се повредени, главно во сообраќајни несреќи и додека се обидувале да ги обезбедат своите домови. Националниот центар за урагани на САД издаде предупредување до жителите на Јамајка додека Мелиса се приближува кон островот.

„Се очекуваат катастрофални поплави и повеќекратни лизгања на земјиштето во текот на денот“, се вели во предупредувањето.

Исто така, беше објавено дека деструктивните ветрови би можеле да предизвикаат целосно уривање на зградите и големи штети на инфраструктурата, како и долгорочни прекини на електричната енергија.

Мелиса моментално е ураган од категорија 5 со постојани ветрови од 280 километри на час и централен притисок од 903 милибари, според извештајот на Националниот центар за урагани на САД.

ИЗДВОЕНИ