вторник, февруари 24, 2026
Дома МАГАЗИН Меланија Трамп во „металик“ панталони го прекрши дрес-кодот во Вашингтон

Меланија Трамп во „металик“ панталони го прекрши дрес-кодот во Вашингтон

410
EPA/Samuel Corum / POOL

Меланија Трамп, сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, повторно предизвика бура од реакции во јавноста – овој пат поради „металик“ панталоните во вредност од речиси 2.400 долари што ги носеше на свечена вечера во Вашингтон, кршејќи го строгиот дрескод „black tie“.

Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама присуствуваа на свечена вечера за гувернери во Вашингтон, каде што сопругата на претседателот успеа да го украде целото внимание.

Меланија, која многумина ја сметаат за модна икона, беше критикувана за облеката што ја избра за оваа посебна пригода.

На јавноста не и се допаднаа нејзините панталони, кои тешко можеше да не се забележат. На свечената вечера, Меланија носеше сребрени панталони од луксузниот бренд Dolce & Gabbana, во вредност од 2.395 долари. Таа ги комбинираше впечатливите панталони со црна блуза со долги ракави со машна, која исто така беше дизајнирана од нејзината омилена модна куќа, а чија цена е 2.245 долари.

Стајлингот го комплетираше со високи потпетици од Кристијан Лубутен и големи дијамантски обетки.

Првата дама не ги следеше традиционалните правила на дрес-кодот „black tie“ со својата модна комбинација. Како што пишува „Вог“, овој дрес-код за жени вклучува елегантни фустани до подот. Фактот дека таа не се придржуваше до класичните правила не им се допадна на некои обожаватели и корисници на социјалните мрежи, кои ги споделија своите критики на мрежата Икс, наведувајќи дека изгледаат непримерно.

ИЗДВОЕНИ