Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, одбила официјално да се сретне со првата дама на Украина, Олена Зеленска, за време на нејзиниот престој во Њујорк.
Според Марко Бекман, виш советник на сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп ќе ја поздрави Зеленска од учтивост, но без формална средба.
„Зеленска неколку пати ја контактираше Меланија за да договори средба. Но, нема да има билатерална средба, ништо официјално. Бидејќи нашата прва дама е многу љубезна, таа денес ќе ја повика и ќе ја поздрави. Но, нема да има суштински разговор, нема средба“, рече Бекман.
Одлуката на Меланија Трамп се толкува како сигнал за дистанцирање од раководството на Киев во чувствителен момент за односите меѓу САД и Украина.