четврток, јануари 29, 2026
Дома СВЕТ Меланија Трамп: Му испратив писмо на Путин и тој ми одговори

Меланија Трамп: Му испратив писмо на Путин и тој ми одговори

108

Првата дама на Соединетите Американски Држави, Меланија Трамп, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одговорил на нејзиното писмо, во кое таа изразила барање за повторно обединување на украинските и руските деца со нивните родители.

Таа изјавила дека нејзиниот претставник е во постојан контакт со руската страна по ова прашање.

„Да, тој одговори. Добив писмо од него. Мојот претставник е во контакт со руската страна и ние продолжуваме да работиме на повторно обединување на децата“, изјави Меланија Трамп во интервју за „Фокс њуз“.

Таа нагласи дека оваа тема е од особено значење за неа.

Според првата дама, највредното нешто во оваа работа е да се види среќата на децата и нивните родители по повторното обединување.

„Секој сака да биде со своето дете. Се надевам дека наскоро повторно ќе можеме да зборуваме за голем успех“, заклучи првата дама на САД.

Во јули 2025 година, Меланија Трамп испрати писмо до рускиот претседател, повикувајќи на заштита на украинските деца кои беа депортирани во Русија.

Во декември 2025 година, седум украински деца беа репатрирани од Русија, според извештаите на украинските медиуми.

ИЗДВОЕНИ