Меланија му пиша на Путин

237

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија Трамп, напиша лично писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое ја истакнува тешката положба на децата во Украина и Русија, соопштија во петокот двајца претставници на Белата куќа.

Претседателот Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот самит во Алјаска, изјавија официјални лица за Ројтерс. Меланија Трамп, која е Словенка, не му се придружи на својот сопруг на патувањето.

Службениците не ја открија содржината на писмото, освен што се споменуваат киднапирања на деца како резултат на војната во Украина.

Медиумите претходно не беа информирани за писмото.

Киднапирањето на украински деца од страна на Русија е длабоко чувствително прашање за Украина.

Украина го нарече киднапирањето на десетици илјади деца однесени во Русија или окупирана територија без согласност на нивните семејства или старатели воено злосторство кое ги исполнува дефиницијата за геноцид според договорот на ОН.

Москва претходно тврдеше дека ги штити ранливите деца од воените зони.

Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека Русија предизвикала страдање на милиони украински деца и ги прекршила нивните права од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година.

Трамп и Путин разговараа речиси три часа во американската воена база во Анкориџ без да постигнат договор за прекин на огнот во војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ