Мексико најавува ревизија на трговскиот договор со САД и Канада за почетокот на есента

36

Мексико очекува планираниот преглед на трилатералниот трговски договор со САД и Канада (USMCA) да започне во четвртиот квартал од оваа година, изјави денес мексиканскиот министер за економија Марсело Ебрард.

„Официјалниот почеток на евалуацијата се очекува кон крајот на септември, првата недела од октомври“, рече министерката, како што објави „Ројтерс“.

Ебрард, исто така, минатата среда изјави дека автомобилите произведени во Мексико и извезени во САД ќе бидат предмет на царина од 15 проценти, наместо 25 проценти, благодарение на дополнителните трговски стимулации.

„Тоа е голема предност во споредба со другите земји што извезуваат во САД. Секако, би сакале стапката да биде нула“, рече тој.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно воведе царина од 25 проценти за сите автомобили што не се произведуваат во САД на 26 март, а мерката стапи на сила на почетокот на минатиот месец.

„Сепак, производителите на автомобили од Мексико и Канада, членки на Северноамериканскиот договор за слободна трговија со САД, можат да се квалификуваат за преференцијален третман“, објасни Ебрард.

Според договорот, царината се однесува само на делови за автомобили што не се произведуваат во САД, под услов нивниот удел да може да се докаже преку документација, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ