Мексико екстрадираше 26 членови на нарко-картел во САД

44
EPA Фото

Мексико екстрадираше во САД 26 членови на нарко-картел кои ги бара Вашингтон, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ), повикувајќи се на неименувани извори.

Лицата се поврзани со групи за трговија со дрога во САД. Мексиканската влада соопшти дека Министерството за правда на САД побарало нивна екстрадиција, но дека нема да бара смртна казна за нив.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги засилува напорите за сузбивање на одредени нарко-картели во Мексико, објави „Ројтерс“.

Минатата недела, Трамп потпиша наредба до Пентагон со која се иницира употреба на воена сила против одредени нарко-картели.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум денес изјави дека припадниците на американската војска нема да влегуваат на мексиканска територија.

Минатата недела, Министерството за финансии на САД објави дека воведува санкции врз средствата на четири лица поврзани со мексиканскиот нарко-картел Дел Норте, вклучувајќи го и популарниот хип-хоп музичар Ел Макабелико.

ИЗДВОЕНИ