Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум изјави дека ќе поднесе кривична пријава против мажот кој ја допираше за време на јавен настап. На видео снимка од инцидентот снимена со мобилен телефон во вторник, Шајнбаум се гледа како разговара со група поддржувачи на улицата во близина на Националната палата во Мексико Сити, кога мажот ѝ приоѓа одзади, се обидува да ја бакне по вратот и ги става рацете на нејзините гради.
Шајнбаум брзо се оддалечи, а член на нејзиниот тим интервенираше, но таа беше видливо потресена. Сторителот е уапсен. „Моето мислење е: ако не поднесам пријава, што ќе се случи со другите мексикански жени? Ако може да претседателката да и го направи ова, што тогаш може да им направи на сите жени во нашата земја“, изјави Шајнбаум на прес-конференција во среда, пренесува Би-Би-Си.
„Решив да поднесам пријава што тоа е нешто што го доживеав како жена, но нешто што ние жените го доживуваме во нашата земја. Го доживеав и претходно, кога не бев претседателка, кога бев студентка“, рече таа.
Таа додаде дека одлучила да поднесе обвинение бидејќи осомничениот наводно вознемирувал други жени во публиката.
Скандал во Мексико: Маж ја бакна и ја допираше по телото претседателката Шајнбаум/ВИДЕО
Групите за права на жените и феминистичките коментатори изјавија дека инцидентот покажува длабоко вкоренет мачоизам во мексиканското општество, каде што мажите веруваат дека имаат право да ѝ пријдат дури и на претседателката ако таа е жена.
Фемицидот е исто така огромен проблем во Мексико, при што се проценува дека 98 проценти од убиствата врз основа на пол остануваат неказнети.
Шајнбаум вети дека ќе се бори против него за време на нејзината кампања, но досега во нејзиниот мандат нема видливо подобрување во оваа област на насилен криминал.
Инцидентот се случува и во време на дебати за безбедноста на претседателот и пошироката безбедност на политичарите.












