Повеќе од една недела се зборува за маестралното финале кое го одиграа Карлос Алкараз и Јаник Синер на Ролан Гарос, во кое Шпанецот славеше по голем пресврт и ја одбрани титулата. Тој спаси три меч-топки, а потоа го победи Синер со 3-2 во сетови.

Речиси никој не остана имун на овој натпревар, а сега се јави и Џон Мекенро, кој беше воодушевен од нивната игра.

  • Знам дека сум луд што го кажувам ова, но верувам дека Карлос Алкараз и Јаник Синер, со играта што ја одиграа во финалето, ќе беа фаворити и против Рафаел Надал во неговите најдобри денови, изјави легендарниот Американец за „ТНТ Спортс“, па додаде:
  • Свесен сум како звучи ова што го кажувам бидејќи ерата на тројцата најдобри играчи во историјата што траеше 20 години штотуку заврши – Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Исто така, знам дека Надал го освои Ролан Гарос 14 пати, како Крис Еверт, кој доминирал тука во седумдесеттите и осумдесеттите години.

Мекенро потоа повторно истакна дека Синер и Алкараз би го победиле Надал во неговиот „најдобар“ период.

  • Верувам дека Карлос и Јаник би биле фаворити против Надал во неговата најдобра форма, посочи Мекинро.

Сепак, тој верува дека е малку веројатно дека ќе ја надминат златната тројка во тенисот.

  • Дали мислам дека ќе стигнат до 20, 22 или 24 грен-слем титули? Не мислам така бидејќи тоа ниво е толку високо. Речиси е невозможно бидејќи толку многу работи можат да се случат. Тоа е како да гледате НБА и да велите дека никој не може да биде подобар од Мајкл Џордан, смета Мекинро.

ИЗДВОЕНИ