МЕХА: На Србија никогаш не треба да ѝ се верува!

235
epa12163013 Supporters of Albania cheer during the FIFA World Cup 26 qualification match between Albania and Serbia in Tirana, Albania 07 June 2025. EPA/MALTON DIBRA

Српската фудбалска репрезентација ќе ја пречека албанската селекција во Лесковац како дел квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Натпреварот, кој сигурно ќе биде дефинран како пресметка од голем ризик , ќе се одигра на 11 октомври во 20:45 часот, а ова ќе биде практично најголемиот дуел во групата „К“.

Имено, помеѓу овие две селекции се бара патник во плејофот преку кој, второпласираните селекции во своите групи ќе бараат место за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Како што се приближува натпреварот, провокациите од едната и другата страна стануваат сè почести и жестоки. Истото го направи и Албан Меха, поранешен репрезентативец на Албанија и Косово.

Тој даде навистина „запалива“ изјава за албанска „Газета“ и на тој начин допонителни ја подгреа атмосферата пред дуелот во Лесковац.

„Ќе ви кажам веднаш – никогаш не треба да ѝ се верува на Србија! Верувам дека ќе им биде многу тешко на нашите фудбалери да играат таму и дека ќе биде тежок натпревар. Сепак, сакам да им посакам многу успех и да нè направат сите горди со победа“, рече Меха.

Прашањето е како ќе помине овој натпревар, но очигледно ќе биде многу напнат дури и пред натпреварот. Фудбалските фанови добро знаат како заврши последниот дуел помеѓу овие две репрезентации во Белград, кога на стадионот на Партизан се појави дрон кој носеше знаме на таканаречената „Голема Албанија“.

Веднаш потоа настана физичка пресметка помеѓу репрезентативците на двете селеции, а во терен влегоа и навивачите на Србија кои се обидоа физички да се пресметаат со гостинските фудбалери.

ИЗДВОЕНИ