
Централниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, е убеден дека сезоната не може да биде спасена ниту со трофејот во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ со убедливи 3:0 ја добија првата полуфинална пресметка против Атлетик (Б) и се на пола чекор од посакуваниот финален натпревар.
-Финале и трофеј во Лигата на Европа нема да ја спаси сезоната, затоа што според мене ова е разочарувачка. Изгубивме премногу натпревари. Во текот на сезоната бевме хаотични, и ние играчите не ја презедовме одговорноста кога се смени тренерот. Ни требаше премногу време да ги разбереме новите идеји. Беше тешка, разочарувачка сезона. Имаме шанси да освоиме трофеј тоа е факт, но тоа нема да го покрие разочарувањето кај нашите навивачи. Но, тие заслужуваат да завршиме со трофеј, и ќе се обидеме да им го донесеме, изјави Мегваер.