Mеѓународниот суд на правдата: Израел не смее да го користи изгладнувањето како метод на војување

21

Меѓународниот суд на правдата (МСП) изјави дека Израел е должен да не посегнува по гладување како метод на војување во Газа.

„Судот потсетува на обврската на Израел да не посегнува по гладување на цивилното население како метод на војување“, рече претседателот на МСП, Јуџи Ивасава.

МСП, со седиште во Хаг, додаде дека Израел мора да ги задоволи „основните потреби на населението во Појасот Газа“.

„Како окупаторска сила, Израел е должен да ги обезбеди основните потреби на локалното население, вклучително и залихите потребни за нивно преживување“, рече Ивасава.

Тој додаде дека Израел е должен да го олесни доставувањето на помошта за Газа, вклучително и онаа што ја обезбедува агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA).

МСП потсети дека Израел не докажал дека некои вработени во UNRWA биле членови на палестинското движење Хамас, како што тврдеше Ерусалим.

„Судот заклучува дека Израел не ги потврдил своите тврдења дека некои од вработените во UNRWA припаѓаат на Хамас или други терористички фракции“, рече претседателот на МСП.

МСП денес го издаде своето советодавно мислење за обврските на Израел кон организациите што обезбедуваат хуманитарна помош на Палестинците во Појасот Газа.

ИЗДВОЕНИ