среда, февруари 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во...

Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа”

59

На свечена церемонија, која е дел од годишниот Самит за аеродромско искуство на ACI World, што се одржа на 10 септември во Гуангжу, Кина – Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби статуетката која ја претставува престижната награда за квалитет на аеродромските услуги (ASQ) за 2024-та година, овој пат за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“, информираат од ТАВ Македонија.

Оваа награда која, како што велат, е светски репер за квалитет на аеродромските услуги, ACI ја доделува на Меѓународниот Аеродром Скопје по 10-ти пат. За ТАВ Македонија таа е признание од патниците за квалитетот на аеродромските услуги и потврда дека посветеноста и тимската работа на аеродромскиот персонал секогаш покажуваат резултати.

-Десет пати ja добиваме ASQ-наградата од ACI World и ова признание е навистина повеќе од чест – тоа е потврда дека упорноста, посветеноста и љубовта кон нашата работа носат резултати. Ова признание е за целиот тим на аеродромот и за сите патници што секојдневно ни ја даваат својата доверба. Нашата работа продолжува – да создадеме аеродром кој поврзува, инспирира и поставува нови стандарди во квалитетот на аеродромските услуги и грижата за луѓето. Ова е само поттик да бидеме уште подобри во иднина, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Од Тав Македонија потенцираат дека ASQ – наградата е одраз на мислењата на патниците и Меѓународниот Совет на Аеродроми (ACI) и се доделува врз основа на анкетите коишто се спроведуваат на патниците во заминување.

 

ИЗДВОЕНИ