Меѓународна екскурзија за најдобрите ученици – спортисти од Карпош

32

Општина Карпош ќе обезбеди наградно летување во детскиот камп „Каливас“, во соседна Грција, за победничките училишни екипи во фудбал, кошарка и одбојка – (девојчиња), како и за индивидуално прогласените основци – спортисти кои постигнаа најдобар успех на овогодишните училишни спортски лиги – Карпош 2025.

Предлог-одлуката доби зелено светло од советниците на последната седница на Советот на Општина Карпош.

Со одлука на Советот, локалната самоуправа ќе додели вкупно 19 парични награди на професорите – тренери по физичко образование, како и на индивидуално прогласените ученици – спортисти за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски лиги – Карпош 2025. Имено, деветмина професори, чија екипа во фудбал, одбојка и кошарка има освоено едно од трите најдобри позиции во годинешниве училишните спортски лиги, ќе добијат еднократна финансиска награда од Општина Карпош.

Поточно, за освоено прво место, тројца професори ќе добијат 8.000 денари, другите тројца чија екипа го освои второто место ќе добијат 6.000 денари, додека пак останатите тројца професори, чија екипа ја зазеде третата позиција во фудбал, кошарка и одбојка, ќе бидат наградени со 5.000 денари. Десет основци од Карпош кои беа прогласени за најдобри спортисти во училишните лиги, исто така ќе бидат парично наградени со 6.000 денари.

 

 

ИЗДВОЕНИ