Од 3 до 8 јули годинава со поддршка на Општина Гази Баба ќе се одржи 15. по ред меѓународен фолклорен фестивал „Гази Баба 2025“.
Освен од Македонија, на фолклорниот фестивал ќе настапат културно уметнички друштва и ансамбли од Босна и Херцеговина, Австралија, Словачка, Турција и Полска. Предвидени се три фестивалски вечери.
На 04.07.2025, со почетокот во 20.30 часот, на плоштадот „Филип 2“ во Автокоманда, на 05.07.2025 година, исто така во 20.30 часот, во ООУ „Наум Охридски“ во Булачани и на 07.07.2025 година во паркот кај кино Маџари.