Уште еден мегаскандал во светот на спортот и тоа повторно со обложување. По „местенките“ во НБА-лигата, овој пат шокантна информација ни доаѓа од Турција, каде што е потврдено дека голем број судии се обложувале и заработувале пари на овој начин. Сето ова го потврди и претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Хаџиосманоглу, кој нагласи дека е спроведена истрага и дека податоците се загрижувачки.

Според објавените информации, од 571 активни судии, дури 371 имаат сметки на сајтови за обложување, а 152 активно уплаќале облози. Од нив, седум се судии од елитното ниво, 15 се главни асистенти, 63 се судии од пониските лиги и 94 се асистенти. Еден од нив имал дури 18.227 плаќања. Неговото име, како и имињата на другите судии, сè уште не се објавени. Исто така, беше откриено дека 42 судии имале преку 1.000 исплати…

Ова е пресвртница за турскиот фудбал. Со месеци соработуваме со полицијата и властите за да го утврдиме обемот на корупцијата. Ветувам дека ќе го исчистиме турскиот фудбал и ќе го доведеме на ниво што го заслужува. Клубовите исто така мора да се истражат сами, вклучително и играчите, рече првиот човек на Федерацијата, Хачиосманоглу.

Турската фудбалска федерација соопшти дека ФИФА и УЕФА веќе се информирани за сето ова и дека е започната национална програма за обука на нови судии со цел да се врати довербата кај судиите.

Дисциплинска постапка ќе биде покрената во наредните денови и сè ќе се реши на суд.

ИЗДВОЕНИ