Новајлијата во Евролига, екипата на Дубаи, ја забележа петтата победа во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување, откако во натпреварот од 13. коло славеше на домашен терен против Париз со 90:89 и сега има скор од 6-7.

Гостите имаа предност од 17 поени во текот на втората четвртина, а 10 поени во третата четвртина, но и тоа не беше доволно да триумфираат. Трагична фигура на натпреварот беше Надир Хифи, кој го промаши победничкиот шут при резултат 88:86. Најефикасен во победничкиот тим беше Мекинли Рајт со 24 поени, одличен беше и Филип Петрушев со 19 коша, додека на спротивната страна прво име беше Дерик Вилис со 22 поени.

Што се однесува до другите натпревари, Партизан претрпи уште еден дебакл во ова натпреварување, откако загуби со убедливи 91:69 на гости кај Панатинаикос. До победа во ова коло дојде и Фенербахче дома против Витус Болоња (66:64), Жалгирис беше подобар од Басконија (82:67), Валенсија го совлада Баерн (90:64), а единствената гостинска победа ја запиша Реал (М) над Хапоел ТА (74:75).

ИЗДВОЕНИ