четврток, февруари 12, 2026
Дома СКОПСКА Мегапарк со плоштад во населбата Радишани

Мегапарк со плоштад во населбата Радишани

445

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, најави дека денеска започнува да се гради мегапарк со плоштад во населбата Радишани.

Паркот ќе се протега на 10.000 квадратни метри, од кои 6.000 квадратни метри ќе бидат зелена површина, 4.000 квадратни метри плоштад и мега детско игралиште.

Проектот е вреден 20 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата. Проектната документација е на Општина Бутел.

ИЗДВОЕНИ