Втората сезона од серијата „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan) на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, пристигнува на Нетфликс на 26 август.
Во првиот трејлер, објавен кратко откако Нетфликс го обновил договорот со принцот Хари и неговата сопруга, ја гледаме Меган како работи со моделот Криси Тајген и готви јастог со познатиот готвач Хозе Андрес.
„Ми се допаѓа идејата да поминуваме време заедно и да наоѓаме нови начини да им покажеме на луѓето дека ни е грижа“, вели Меган во краткото видео.
Во епизодите, таа ќе прави различни декорации од цветни ливчиња, грнчарија и домашни џемови, кои ги продава преку својот бренд „As Ever“.
Во новата сезона, која има осум епизоди од по половина час, ќе бидат гости познати имиња како Кристина Тоси, Клер Смит, Даниел Мартин, Дејвид Чанг, Хедер Дорак, Џејми Керн Лима, Џеј Шети, Ради Девлукија, Самин Носрат и Тана Франс.
Серијата ја следи Меган додека готви, споделува совети за декорација на домот и начин на живот, покажувајќи им на гледачите како лесно можат да го освежат својот животен простор. Снимањето не се одвива во нејзината вистинска куќа, туку во блискиот имот во Монтесито, пишува Variety.