Медведев за последната контроверзна изјава на Трамп за Украина и за разговорите со Путин: „Американецот повторно зема замав, не треба да се обрнува внимание“

837

Русија не треба да обрнува внимание на „политичкиот моментум“ во реториката на американскиот лидер Доналд Трамп.

Наместо тоа, треба да продолжи да ги постигнува своите цели, вклучително и „специјалната воена операција“, нагласи заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, во својот Телеграм канал, пренесува „ТАСС“.

„Американецот повторно го јава својот омилен политички моментум“, ги оцени Медведев контрадикторните изјави на Трамп за Украина и разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

„Како треба да се однесуваме кон ова?“, се прашуваше тој. „Како порано. На начинот на кој го прават тоа нашите војници. На бачинот на кој го прави тоа Врховниот командант – едноставно никако.“

„Продолжете да ги постигнувате вашите цели во Украина“, инсистираше тој.

Трамп, коментирајќи ги своите напори во украинското решение, даваше контрадикторни изјави во последните месеци – понекогаш и неколку пати на ден.

Трамп вчера објави дека САД ќе испратат повеќе оружје во Украина за да ѝ помогнат на земјата разорена од војна да се одбрани од руските напади.

„Ќе испратиме повеќе оружје. Мораме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека Украинците мора да бидат способни да се одбранат.

„Тие се силно погодени во моментов. Соединетите Американски Држави ќе испраќаат првенствено одбранбено оружје“, рече Трамп.

Тој рече дека е решен да го прекине конфликтот и го повтори своето растечко разочарување од рускиот претседател Владимир Путин.

„Воопшто не сум задоволен од претседателот Путин“, рече Трамп.

ИЗДВОЕНИ