Медведев почна да работи со двајца тренери

142
EPA/SHAWN THEW

Рускиот тенисер Данил Медведев многу брзо донесе одлука за новиот правец во својата кариера. Само една недела по прекинот на долгогодишната соработка со Жил Сервара, рускиот ас реши да започне ново поглавје и тоа со двајца стручњаци.

Во неговиот стручен штаб влегуваат шведскиот тренер Томас Јохансон и австралискиот експерт Рохан Гецке. Двајцата зад себе имаат богато искуство на меѓународната сцена. Јохансон е познат по соработката со Давид Гофан и Каролина Вознијацки, а неговата најголема играчка титула е освоениот Австралиски Опен во 2002 година. Од друга страна, Гецке има работено со имиња како Марио Анчиќ и Ричард Крајчек, токму во периодот кога Холанѓанецот го освои Вимблдон во 1996 година. Дополнително, тој беше дел и од Академијата на Ник Болитиери, што ја потврдува неговата стручност во градењето на врвни тенисери.

ИЗДВОЕНИ