epa12262551 Daniil Medvedev, of Russia, cools off during the break in his quarter final match against Corentin Moutet, of France, during the Mubadala DC Citi Open at the William H.G. FitzGerald Tennis Center in Washington, DC, USA, 25 July 2025. EPA/SHAWN THEW

Рускиот тенисер Данил Медведев игра далеку полош тенис од вообичаеното оваа сезона. Иако има позитивен биланс на победи и порази (26-17), впечатокот е дека Русинот е далеку од својот најдобар резултат. Очигледно е дека и самиот е свесен за ова, па откако загуби во првото коло на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, ја прекина соработката со својот тренер.

Жил Червара не е повеќе тренер на рускиот ас, а нивната соработка завршува по цели осум години успешна работа. Медведев под водство на францускиот тренер освои бројни титули, а нивното најголемо достигнување е освојувањето на САД опен во 2021 година.

Тогаш, во финалето Русинот целосно го надигра Ѓоковиќ, кој бркаше историски календарски грен слем. Покрај тоа, Медведев освои уште шест мастерси и еднаш триумфираше на завршниот турнир. Не е познато кој тренер ќе го замени Французинот.

„Благодарен сум што ме водеше низ сите овие години и ќе видиме што ни носи животот во иднина“, напиша Медведев на социјалните мрежи.

„Даниел, нашата фантастична осумгодишна авантура заедно завршува. Како симболичен животен потрес, по ова Отворено првенство на САД ја завршуваме нашата соработка. Ќе ја имам предвид твојата неконвенционална магија како играч, што е твојата сила. Сигурен сум дека ќе се вратиш“, објави Червара на социјалните мрежи.

Иако е тринаесетти тенисер во светот, Медведев веројатно не е посакуван соработник, бидејќи често предизвикува сцени на теренот и се расправа со својот стручен штаб и судијата.

 

ИЗДВОЕНИ