Медведев не пропушти да се пошегува: Трамп треба да побрза, жителите на Гренланд деновиве би можеле да гласаат за приклучување кон Русија

128
Фото: EPA/EKATERINA SHTUKINA/ SPUTNIK/GOVERNMENT PRESS SERVICE / POOL MANDATORY CREDIT

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев денес се пошегува дека ако американскиот претседател Доналд Трамп не побрза, жителите на Гренланд би можеле да гласаат за приклучување кон Русија.

„Трамп треба да побрза. Според непотврдени информации, за неколку дена би можел да се одржи предвремен референдум, на кој сите 55.000 жители на Гренланд би можеле да гласаат за приклучување кон Русија. И тоа е тоа! Нема повеќе ѕвезди на знамето. И Русија ќе има нов, 90-ти федерален субјект“, напиша Медведев на платформата „Макс“, објави „РИА Новости“.

Гренланд е автономна данска територија.

Сепак, Трамп постојано изјавува дека островот треба да стане дел од Соединетите Американски Држави, наведувајќи ја неговата стратешка важност за националната безбедност, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ