Медведев му одговори на Трамп: Знам само една навистина лоша работа, Трета светска војна

3539

Високиот рускиот шеф на советот за безбедност порача денеска дека Трета светска војна е единствената лоша работа од која би требало да се стравува, реагирајќи на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до шефот на Кремљ Владимир Путин.

„Што се однесува до зборовите на Трамп за Путин кој „си игра со оган“ и „навистина лоши работи“ кои ѝ се случуваат на Русија, знам само една НАВИСТИНА ЛОША работа – Трета светска војна. Се надевам дека Трамп го сфаќа тоа!“, напиша на англиски јазик на социјалната мрежа Х Медведе, заменикот на претседателот на Советот за безбедност на Русија и поранешен руски претседател.

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи денеска да го критикува рускиот претседател Владимир Путин и му порача дека „си игра со оган“, по викендот на жестоко бомбардирање на Украина. „Она што Владимир Путин не го сфаќа е дека, да не бев јас, на Русија ќе ѝ се случеа многу полоши работи, мислам НАВИСТИНА ЛОШИ. Си игра со оган„, објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушал.

Ова е продолжение на неговите критики кон Русија откако Трамп вчера изјави дека Путин „целосно полудел“ со лансирањето на најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната, додавајќи дека размислува за нови санкции врз Москва.

Трамп досега се воздржа од нови санкции против Русија, иако американските претставници велат дека пакет санкции е подготвен ако американскиот претседател одлучи да го стори тоа. Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски врши притисок врз него да ја зголеми воената помош за Украина.

Русија започна еден од своите најголеми напади со беспилотни летала и ракети врз Украина од почетокот на нејзината инвазија во февруари 2022 година во текот на викендот. Но, интензитетот на нападите значително се намали синоќа. Украина, исто така, испали десетици дронови со долг дострел кон Русија во последните денови, што доведе до привремено затворање на некои московски аеродроми.

ИЗДВОЕНИ