Медведев: Европа не може да си дозволи војна против Русија

28
EPA/EKATERINA SHTUKINA/ SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE / POOL MANDATORY CREDIT

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев во понеделник изјави дека Европа не може да си дозволи војна со Русија, но ако нејзините лидери направат грешка и ја испровоцираат, тоа би можело да ескалира во конфликт со оружје за масовно уништување.

На Русија, напиша Медведев на Телеграм, не ѝ е потребна таква војна, вклучително и војна со „студената стара Европа“.

„Тие едноставно не можат да си дозволат војна со Русија“, рече Медведев за европските сили, додавајќи дека „можноста за смртоносен конфликт секогаш постои“.

„А таков конфликт има апсолутно реален ризик да ескалира во војна со оружје за масовно уништување“, нагласи Медведев, кој сега е заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, пренесува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ