Медведев: ЕУ ги попречува мировните напори, Киев ангажира членови на нарко-картели

159

Заменик-претседателот на Рускиот совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денес изјави дека некои европски политичари се обидуваат да ги спречат напорите на САД за наоѓање решение за конфликтот во Украина, додека украинските власти, рече тој, прибегнуваат кон ангажирање на лица поврзани со латиноамериканските нарко-картели за да учествуваат во борбите.

„Додека европските политичари се обидуваат да ги спречат американските напори за решавање на украинскиот конфликт, режимот во Киев паничи и ги ангажира најекстремните елементи, вклучувајќи ги и членовите на озлогласените нарко-картели од Колумбија и Мексико, како што се „Клан дел Голфо“, „Синалоа“ и „Халиско Нуева Генерацијашн“, напиша Медведев на својот Телеграм канал, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Според него, компанија со седиште во Меделин ги регрутира овие борци, но, како што тврди, таквите борци не претставуваат сериозна закана на бојното поле.

ИЗДВОЕНИ