Медведев: Ако е потребно, Москва да изврши превентивни напади на Запад

90

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Западот практично води целосна војна против Русија и дека Москва треба да одговори на ист начин и, доколку е потребно, да изврши превентивни напади, објави руската државна новинска агенција ТАСС, пренесе „Ројтерс“.

-Она што се случува денес е посредничка војна, но во суштина тоа е целосна војна (лансирање западни ракети, сателитско извидување итн.), пакети-санкции, гласни изјави за милитаризација на Европа, рекол Медеведев, пренесе ТАСС.

Тој исто така, го обвинува Западот дека со векови се обидува да ја ослабне Москва.

-Мораме да дејствуваме соодветно. Да одговориме целосно. И доколку е потребно, да извршиме превентивни напади, рече тој додавајќи дека многумина на Запад носат предавство и застарени погледи за сопствената супериорност во крвта.

Медведев, кој сега е заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, се претставуваше како либерален модернизатор кога беше претседател од 2008 до 2012 година, но оттогаш се позиционира силно како антизападен јастреб во Кремљ. Дипломатите велат дека неговите изјави го одразуваат размислувањето на дел од политичката елита.

 

 

ИЗДВОЕНИ