Медиумите со денови шпекулираат: Ѓоковиќ сака да се пресели во Грција поради ставот на српските власти кон најдобриот тенисер во светот

105
Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

По информациите дека Новак Ѓоковиќ е во Атина за да преговара со грчките власти за преселба на неговото семејство, францускиот портал „Ние го сакаме тенисот“ објави дека причината за оваа одлука е ставот на српските власти кон најдобриот тенисер на сите времиња, пишува српски „Данас“.

Медиумите во Грција објавија изминатава сабота дека Ѓоковиќ ја посетил Атина со своето семејство, разгледал куќи за преселба и училишта за своите деца.

„Познато е дека поради неговата поддршка за студентите, Ѓоковиќ се соочил со цензура на некои од неговите изјави и постапки од страна на властите во неговата земја. Затоа, не би било нелогично да ја напушти Србија и да се пресели во една од земјите во регионот каде што сè би било помирно за него и неговото семејство“, пишува францускиот портал.

Како свој извор, порталот ги цитира написите на грчките медиуми и фактот дека Ѓоковиќ вечерал со премиерот Киријакос Мицотакис, каде наводно разговарале за најдоброто решение за преселбата на Ѓоковиќ.

ИЗДВОЕНИ