Медиумите горат! Рики Мартин има ново момче – вљубен е до уши во порноактерот Макс    

38

„Животот е премногу кус за да биде здодевен“. Тоа во секојдневието Макс го прави. Никогаш не му е здодевно.  Умее да живее. Вљубени се со Рики Мартин и секој ден го користат да бидат заедно. Најчесто ќе отпатуваат на некое егзотично море, далеку од гужвите, во тивко луксузно туристичко место!

 Светски познатиот пејач, заради кого жените некогаш „сечеле вени“, 54-годишниот Рики Мартин повторно крева врева до плафон, кај и да се појави. Социјалните мрежи горат!  Рики Мартин има ново момче во кое е лудо затрескан, а по раскинувањето со својот сега веќе, поранешен брачен партнер, уметникот Јозеф. Новото момче на Рики е  актер од индустријата за возрасни, односно работата му е во порнографијата. Се вика Макс Барз и има само 27 години. Медиумите го посочуваат како единствен виновник поради кој на Мартин му пропадна бракот со Јозеф.

Рики и Макс, сепак  биле неодамна забележани од папараците на заеднички одмор на Тајланд, а дружењето се обиделе да го објаснат како „случајно“. Секако дека сето тоа на медиумите им беше сомнително, бидејќи вљубената двојка ја среќаваа секој ден како разменуваат нежности на песочните плажи. Новинарите затоа и почнаа да пишуваат за „потврдената врска помеѓу згодниот порторикански пејач и американскиот порноактер кој настапува во порно филмовите со хетеро и хомо-содржина“.

Партнерот на Рики е роден во 1998 година, висок е речиси 1,90 метри, а обожава да е во теретана па, затоа има совршено мускулесто тело. Високо професионално е тетовиран на рацете, а тетоважите му се опсесија. Живее во Калифорнија. Има и свој профил на „Онлифенс“, каде што нуди содржина за возрасни кои сакаат да го гледаат гол, но за гледањето мораат мрсно да плаќаат.

На инстаграм-профил, Макс има повеќе од 200 илјади следбеници. Тој таму раскажува за својот живот во согласност со ограничувањата поставени од таа платформа. Во описот на неговиот профил пишува: „Животот е премногу кус за да биде здодевен“. Тоа во секојдневието Макс го прави. Никогаш не му е здодевно. Умее да живее. Вљубени се со Рики Мартин и секој ден го користат да бидат заедно. Најчесто ќе отпатуваат на некое егзотично море, далеку од гужвите, во тивко луксузно туристичко место! Каде што никој не може да се приближи на љубовниците, а кои се строго чувани од десетина скапо платени телохранители.

Новинарот Родриго Луси, во емисијата „Socios del espectalla“, по повод новата љубов на Рики, изјави: „Се чини дека Рики Мартин е безгранично лудо вљубен во порноактер. Очигледно дека поради него му пропадна бракот со Јозеф. Пејачот и порано го изневерувал брачниот другар. Но, кога Јозеф дознал и за оваа нова врска на Рики, а и ги има видено и фотографиите од атрактивниот актер, одлучил, дефинитивно да се разведе од Рики.“   (Д.М.) фото: Инстаграм

 

ИЗДВОЕНИ