Американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на американските воени команданти да изготват план за инвазија на Гренланд, но високи воени функционери се спротивставуваат на тоа, објави „Мејл он Сандеј“, повикувајќи се на извори.
Изворите велат дека политичките „јастреби“ околу американскиот претседател, предводени од политичкиот советник Стивен Милер, се толку охрабрени од успехот на операцијата за заробување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро што сакаат брзо да дејствуваат за да го заземат Гренланд пред Русија или Кина да преземат потези во врска со арктичкиот остров.
Според изворите, Трамп побарал од Заедничката команда за специјални операции (JSOC) да подготви план за инвазија на Гренланд, но командантите се спротивставуваат на ова, тврдејќи дека тоа би било нелегално и дека Конгресот нема да поддржи таков план.












