„Медитеранско сиво“ собори рекорд: Редок дијамант продаден за повеќе од 19 милиони евра

30

Реткиот син дијамант „Медитеранско сино“ со тежина од 10,03 карати беше продаден на аукција во Женева за 19,2 милиони евра, објави аукциската куќа „Сотби“.

Тобијас Корминд, извршен директор на „77 Diamonds“, најголемиот европски онлајн јувелир, изјави дека продажбата на дијамантот, чија вредност се проценува на 20 милиони долари (17,8 милиони евра), била „помалку импресивна“ од очекуваната, објави денес „Swissinfo“.

„Дијамантот ја надмина својата проценета вредност од 20 милиони долари, што укажува на значителен интерес. Но, општата неизвесност, вклучувајќи ги и трговските тензии меѓу САД и Кина, можеби ја намалија довербата на понудувачите“, рече Корминд.

Аукциската куќа „Сотбис“ соопшти дека американски колекционер го добил скапоцениот камен по битката меѓу двајца понудувачи што започнала од девет милиони швајцарски франци (9,6 милиони евра) и траела „речиси три минути“.

Скапоцениот камен го купила приватно американска колекционерка, но аукциската куќа не го открила нејзиниот идентитет.

„Овој камен е без сомнение меѓу најквалитетните и најубавите сини дијаманти што сме ги продале“, изјави по продажбата Квиг Брунинг, раководител на одделот за накит во „Сотбис“ за Северна Америка, Европа и Блискиот Исток.

„Сините дијаманти се на врвот на пирамидата во однос на реткоста“, истакна тој.

„Сотбис“ во каталогот напиша дека „откривањето на син дијамант е неверојатно редок настан“. Овој неодамна беше пронајден во познатиот рудник Кулинан во Јужна Африка, а потоа беше откриен на почетокот на април во Абу Даби.

ИЗДВОЕНИ