Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински, во понеделник изјави дека доколку Киев и НАТО се обидат да вратат новите региони на Руската Федерација, ќе дојде до нуклеарна војна.
Во интервјуто за Раша Тудеј, Медински рече дека може да дојде до нуклеарна војна доколку конфликтот во Украина престане без да се склучи вистински мир, бидејќи, според него, Киев и НАТО ќе се обидат да ги повратат новите територии на Руската Федерација, пренесува ТАСС.
„Ако го запреме конфликтот долж линијата на фронтот и не се договориме за вистински мир, туку само склучиме некаков вид примирје, тогаш ова ќе биде – знаете, имаше спорен регион меѓу Ерменија и Азербејџан, Карабах – тогаш овој регион ќе се претвори во огромен Карабах“, рече Медински, кој е шеф на руската делегација на преговорите со украинската страна.