Меџити: Здравјето е нашето најскапоцено богатство, грижата за него треба да биде приоритет

25

Министерот за животна средина и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска учествуваше во активност организирана во чаирскиот парк, на кој се промовираше подигање на свеста за важноста на грижата за здравјето.

Во соработка со лекари, женски форуми, млади и волонтери, на граѓаните им беа понудени бесплатни рутински контроли, вклучувајќи мерење на крвниот притисок и основни анализи.

„Здравјето е нашето најскапоцено богатство и грижата за него треба да биде приоритет за секој од нас. Денеска видовме одблизу колку малку е потребно за да се направи голем чекор кон поздрав живот. Грижата за здравјето е најмудрата инвестиција што ја правиме за себе, за семејството и за нашето општество“,

истакна Меџити.

ИЗДВОЕНИ