МЕЏИТИ: Затворени 226 онлајн казина, наскоро ќе ги нема и останатите!

1470

Досега се затворени 226 онлајн казина што нивниот број е намален за дури 40 проценти, истакна вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити. Тој најави дека на дури 70 проценти од обложувалниците во догледно време ќе им биде ставен клуч на врата.

– Апелиран особено до младите да не стануваат жртви на лажни е-пошти, да не се коцкаат со својата среќа на нелегални платформи. Ако имате средства депонирани на овие страници, повлечете ги што е можно поскоро, државата дејствува и овие платформи повеќе нема да постојат – изјави Меџити.

Тој информираше дека во завршна фаза е изготвувањето на нов закон за игри на среќа, за кој рече дека ќе биде поригорозен.

– Со членови во законот што ги предвидовме автоматски ќе доведат до затворање на околу 70% од казино-обложувалниците во нашите населби, во близина на училиштата, во близина на градинките, насекаде каде што стана индустријата на претходната влада – рече Меџити.

ИЗДВОЕНИ