Меџити: Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Скопје

359

Кандидат за градоначалник на Скопје ќе има коалицијата Вреди, изјави денеска вицепремиерот и министерот за животна средина и еден од лидерите на оваа коалиција Изет Меџити. Во изјавата после денешното потпишување на договори со 33 општини за финансирање на инфраструктурни проекти , тој рече дека имињата на кандидатите ќе бидат познати најверојатно во текот на следната недела.

-Вреди ќе има кандидат за градоначалник на Скопје, но и за други општини. Досега имаме определено да го поддржиме независниот кандидат за Струга Менди Ќира. За сите други општини при крај сме со анализи и со разговорите. Мислам дека во наредниве денови или наредната недела ќе ги објавиме сите – рече Меџити.

На прашањето дали ќе се официјализира неговата кандидатура за градоначланик на Чаир тој кусо одговори:

-Ќе ги официјализираме сите кандидатури.

На прашањето дали Вреид ќе има кандидат за првиот човек на Кичево, Меџити одговори потврдно.

Тој додаде дека е нормално да меѓу владините партнери има договор за меѓусебна поддршка на изборите.

-Владините партнери и досега се помагале и ќе се помагаат, како што и опозициските партнери ДУИ, Левица и СДСМ очекувано ќе се помагаат – рече тој. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ