Првиот вицепремиер Изет Меџити, по повод свечениот прием за 24-годишнината од Охридскиот рамковен договор, рече дека Охридскиот договор ќе донесе еднаквост помеѓу сите граѓани, односно меѓу Албанците и Македонците.
„Мислам дека духот на Охридскиот договор ќе донесе еднаквост меѓу граѓаните, меѓу Албанците и Македонците. Да се разбере дека сме заеднички основачи на оваа држава. Да ја градиме заедно, односно за доброто на државата и нашите граѓани“, изјави Меџити.