Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и порача на скопската градоначалничка, Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности.
Тој најави и кривична пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила.
Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.