Меџити и Божиновска дојдоа пред Влада со електрични возила: Промовиран „Avant2Go“

98

Подобрување на квалитетот на воздухот, намалување на бучавоста во градовите и на бројот возила во сообраќајот, поддршка на националните и европските зелени политики, како и економски бенефити за граѓаните, ќе бидат само некои од придобивките на проектот Avant2Go  – модерен систем за целосно електрично споделено возење.

Како што истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој денеска заедно со министерката за енергетика Сања Божиновска по повод промоцијата на проектот пристигна со електрично возило пред Владата, Avant2Go не е само технолошка новина, туку е и стратешка инвестиција во еколошката, сообраќајната и економската иднина на државата.

– Користењето на целосно електрични возила значи нулта емисија на штетни гасови, што директо придонесува за намалување на аерозагадувањето, особено во урбаните средини. Електричните возила се значително потивки од класичните, а според светските стандарди едно Car-Charing возило заменува 10 до 15 приватни возила – потенцира Меџити.

 

ИЗДВОЕНИ