Мечка е забележана во училишен двор во градот Несторио во северна Грција, објавија грчките медиуми.
Како што објави „Катимерини“, видео од инцидентот покажува мечка како шета низ училишниот двор во потрага по храна.
Откако ги забележала луѓето, мечката избегала, јавува „Еуроњуз“.
Грчкиот весник наведува дека училиштето во тој период било затворено поради празниците и потсетува дека не е прв пат мечките да се појават во населените места во тој дел од земјата, што предизвикува загриженост кај локалните жители.