Жители на тетовско село Отуње снимиле мечка влегла во нивниот двое и се качила на терасата во нивната куќа. Откако го „освоила“ овој простор дивото животно е снимено како јаде од храната која била оставена на масата од терасата.
Како што пишува „Тетово инфо“ домаќините биле во внатрешниот дел од куќата, а вратата од терасата била затворена, па успеале да ја снимаат и фотографираат мечката.
Кратко потоа, откако ќе ги забележи домаќините, таа побегна.
Според објавата на медиумот, летово и во други тетовски села, како Сетоле и Једоарце, на камери за видонадзор биле забележани слични примери од посети на мечки кои во потрага по храна, се движат низ селото, уништуваат сандаци со пчели и слично.